сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Циркус во Албанија: Фудбалери на теренот гледаат, како хулигани се тепаат на него (видео)

Дуелот помеѓу Скендербег и Партизани во албанскиот шампионат заврши со триумф на клубот од Корча, кој ја шокираше Европа со десетгодишната казна од УЕФА за лажирани мечеви (вкупно 52 меча наместиле), но мечот од домашниот шампионат го одбележаа невидени инциденти.

Фудбалерите на двата тима среде меч мораа да ја прекинат својата борба за бодовите, откако во клинч се најдоа навивачите на двата тима, па играчите на теренот само гледаа како хулиганите се бркаат на тартанот со полицијата.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top