вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

Каја шокирана и одземена! Сопругот и ги фатил пораките на мобилен

Популарната српска пејачка Катарина Каја Остојиќ и нејзиниот сопруг, светски познат диџеј Џуниор Џек, секоја година летауваат на Ибица, но овој пат нивниот одмор завршил со голема брачна расправија. Имено, Џуниор Џек од почетокот на нивните љубовни врски е љубоморен на пријателите на пејачката, иако Каја Остојиќ неодамна објасни дека за тоа нема потреба.

Но, очигледно, Џуниор Џек не верувал многи на нејзините уверувања.

“Додека Каја се туширала нејзиниот телефон бил во собата и во тоа време нејзин пријател и пратил порака. Џуниор го земал телефонот и имал што да види: Душо, не се грижи, ќе биде како што очекуваш кога ќе се вратиш во Белград “, стои во пораката, а покрај тоа збогатена со срциња и емотикони. Кога Џуниор ја видел пораката, мрак му паднал на очи.

Кога излегла од бањата тој, очекувано, бил бесен и викал но Каја му дала калсична приказна за тие прилики, му озјаснила дека е тоа порака од нејзиниот фризер и дека тој е хомосексуалец кој не го загрозува нејзиниот сопруг. Патем, му дала да ги прочита и неговите други пораки.

Приказната завршила со мирење, и прекинат годишен одмор, но бракот останал на нозе. Тоа се само нормални брачни кавги, ништо особено, коментирала Каја за овој настан. Па, кога ќе видите колку е Каја згодна и стимулативна, многумина попрво би поверувале на нејзината приказна отколку што би ја оставиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top