сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Казината и обложувалниците ќе треба да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училишта и градинки

Пратеници на ДУИ поднесоа новиот предлог-закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа.

Се предвидува објектите каде се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и сл.

Со законските измени се врши промена на висината на средствата кои се издвојуваат од буџетот за финансирање на спортот, а кои се собираат како резултат на уплатите на приредуваите на игрите на среќа. Се регулира и должноста на Владата да го информира Собранието за висината на собраните средства по основ на уплати од приредувачи на игри на среќа и на кој начин тие средства се користат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top