сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Ослободени активистите на Самоопределување кои фрлаа со боја на полицијата

Седуммината активисти на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), кои беа уапсени по протестот во Приштина и судирот со припадниците на полицијата, врз кои фрлаа боја, камења и други предмети, денеска се ослободени од притвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај трите активистки и четворицата активисти, кои во петокот протестираа против неефикасноста на полицијата и државните институции во спречувањето на семејното насилство врз жените и девојчињата, беше уапсена и пратеничката на партијата на Албин Курти, Саранда Богујевци, но таа беше ослободена по неколку часа.

По излегувањето од притвор, активистките на ВВ, заедно со пратеничката Богујевци, одржаа прес-конференција, на која ја обвинија полицијата за недејствување во се позачестените случаи на семејно насилство.

– Косовската полиција го третира насилството врз жените како нешто затворено и приватно. Тие не се осмелуваат да се откажат од ваквото однесување. Безбедноста на жените, како и на сите граѓани, треба да ја гарантираат надлежните органи, кои секојдневно бележат неуспеси на тој план, изјави Богујевци, која ја обвини полицијата дека „рацете ѝ се натопени со крвта на жените“.

Извор: Миа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top