сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Модриќ призна дека сам се понудил на Интер

Тензиите меѓу Интер и Реал Мадрид околу нереализираниот трансфер на Лука Модриќ би требало да се намали драстично по последните признанија на хрватскиот фудбалер. Тој споделил пред раководството на „белите“, дека сам се понудил на „нероазурите“, а тие не направиле прелиминарен контакт со него, објавија шпанските медиуми.

Реал му се закануваше на италијанскиот клуб со тужба кон ФИФА поради нерегулираните преговори со нивната ѕвезда. Но, всушност, такво нешто нема да се случи токму поради признавањето на Модриќ.

Хрватот објавил дека го овластил агентот да го „провери теренот“ во Милано, а потоа се дојде до кратката сага со неговото евентуално преминување во Интер, која заврши со предлог за нов договор од Реал.

Така, се очекува напнатоста меѓу двете гиганти конечно да престане и случајот да се заборави. Модриќ објаснил дека сакал да биде со своите соиграчи во репрезентацијата Марсело Брозовиќ, Иван Перишиќ и Симе Врсаљко, но конечно решил да остане во Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top