четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Уште едно возило запалено е синоќа – што прави МВР?

Автомобил е запален синоќа, десетина минути пред полноќ, во Битола. Според билтенот на МВР на 18.08.2018 година околу 23.50 часот на ул.„Ваташа” во Битола, од страна на непознат сторител била истурена запалива течност врз предниот дел на патничко возило „Тојота Аурис” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалило. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top