петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Стоилковски: Откако е распишан Референдумот власта тргна со партиски вработување на над 6.000 лица

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Изборниот закон и во Законот за спречување на корупција еден од најординарните форми на корупција се вработувањето, особено времените вработувања „за услуги“. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска кажа дека откако е распишан Референдумот власта тргна во партиски вработување на 6.000 лица, некои времено, некои на подолг рок, во јавната администрација, со буџетски средства.

-Законот вели: Секоја вонредна исплата на државни пари е забранета во време на распишани избори. Ова не се избори, но намерата е иста – да се влијае на резултатот. Ова е поткуп на гласачи. Референдумот е исто така изјаснување на граѓанинот. Не само што го организира ДИК, туку и како што постои изразување за одредена политичка партија, постои и изразување за определена политика. Сега референдумот е изјаснување за определена политичка опција! Со тоа е исто и важат истите правила како и за избори за партии. Тоа се вика правна аналогија. Во овој период е забрането да има огласи за привремени вработувања, и во случајов се применува од денот на донесување на одлуката за распишување на референдум. Граѓанинот на референдум треба да се изјасни. За да се изјасни на каков што посакува власта, таа троши државни пари, ќе вработува партиски и ќе дели тендери. На ред по местени тендери, на ред се партиски вработувањата и тоа времени партиски вработувања, и тоа очигледно се прави злоупотреба со најчувствителната потреба за работа на граѓаните. Се прават времени партиски вработувања, чија „потреба“ во администрацијата се совпаѓа со времето на референдумот. Со државни пари, со народни пари ќе се купуваат гласачите за да помине опцијата на власта, и ова е корупција, изјави Стоилковски.

Стоилковски кажа дека дел од распишаните огласи, како во Министерството за одбрана се за времено ангажирање за услуги!

-Тој момент, што се работи за времени партиски вработувања, е уште поскандалозен! Овие времени партиски вработувања значат партиски вработување пред референдум, на услужни дејности на луѓе кои плачат за работа! Само во министерството за одбрана на времено партиско вработување за услуги, со милион денари постои можност опцијата за која се залага власта, да ги добие гласовите од семејствата на времено партиски ангажираните. Ова е купување на гласачите. Тука има директно влијание врз граѓанинот поединец, тоа практично е купување на неговото гласачко право. Се ангажираат партиски гласачи, кои прават избираат за политичка опција, со што во прашање се доведува избирачкото право. Тоа е манипулација со потребата на луѓето да добијат работа. Тоа е порака за цело негово семејство. Тоа е корупција. И затоа овој чин референдумот треба исто да се третира како изборите. Ова е класично предизборно кршење на мораториум, се делат тендери, партиски времено се вработуваат луѓе, а се тоа е предмет на корупција. Правната аналогија е апсолутно применлива, се работи за гласање за политичка опција, а се атакува на избирачкото право, изјави Стоилковски.

Тој кажа дека сите политичките процеси што власта во моментов ги влече се коруптивно мотивирани, сите потези на власта се лукративни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top