четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје

Десетина волонтери од движењето ,,Не биди ѓубре“, вчера одржа уште една волонтерска акција за чистење на сметот низ градот. Овојпат нивна цел беше околината на Железничката станица.

,,Уште една акција на #НеБидиЃубре!

Собравме пари, купивме две гребла!

Собравме 31 вреќа ѓубре на 1000м2!!!

Не треба да објаснувам што се најдовме, веќе знаете!
Гадно! Гадно!

Благодарам, дечки!

Се гледаме следна недела пред Универзална!

*благодариме на чичкото кој ни донесе џиновска лопата и тетка Летка за кафето! Горко за сите! “- напиша еден од иницијаторите на овие акција, познатата глумица и граѓански активист, Ирена Ристиќ.

Еве како изгледаше пред поштата под Железничка станица по чистењето:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top