недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

„Ѕверот“ Баптиста потпиша за романски Клуж

Бразилскиот фудбалер Жулио Баптиста кој го носи прекарот Ѕвер, се уште не планира да ја заврши својата кариера, па денеска беше објавено дека истата ќе ја продолжи во Романија.

Баптиста кој веќе има 36 години потпишал едногодишен договор со Клуж, а интересно е што беше без клуб од ноември 2016 година, до кога го носеше дресот на американскиот клуб Орландо Сити.

Покрај за бразилската репрезентација и Реал Мадрид, Баптиста во кариерата настапуваше и за Севилја, Малага, Рома, Арсенал, Крузеиро и Сао Пауло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top