сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 35 ново

Тотенхем го совлада Фулам, Евертон подобар од Саутемптон

Тотнем ја забележа и втората победа сезонава совладувајќи го Фулам со 3-1, а максимални шест бода досега има и Борнмут, кој славеше на гости кај Вест хем со 2-1. Лукас Моура му донесе водство на својот тим, но Митровиќ изедначи на 1-1 и со тој резултат се замина на одмор. Во вториот дел, Кевин Трипие постигна еврогол од слободен удар и потсети на голот за Англија против Белгија. Конечните 3-1 ги постави Хари Кејн.

Евертон стигна до првата победа во оваа сезона, славејќи победа на „Гудисон“ против Саутемптон од 2-1. Тео Волкот и Ричарлисон стрелаа за домаќинот, а единствениот гол за гостите го постигна Ингс во 54-та минута.

Борнмут по двете кола има максимални шест бода, а денеска славеше на гости кај Вест Хем и тоа по пресврт. Арнаутовиќ го отвори резултатот од пенал, но во вториот дел гостите преку Вилсон и Кук ги поставија конечните 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top