вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

Аргентинците Бертола и Биаџоли првопласирани на маратонот во Охрид

И во машка и во женска конкуренција Аргентина дојде до првите места на Интернационалниот пливачки маратон во Охрид. Таму доминираа Гилермо Бертола и Елизабет Сесилија Биаџоли на денешната патека која што беше долга 10. километри.

Бертола дојде до првото место со време од 02:02.46 ч., пред Бугаринот Венцислав Ајдарски и Аргентинецот Алехандро Жоакин Муњоз Морено. Александар Илиевски заврши на петтото место.

Кај жените Биаџоли имаше време од 02:10.27 ч. пред нејзините сонароднички Ромина Имвинкерид и Ерика Јенсен. Ева Петровска дојде до петтата позиција, првата наша пливачка која ја поминала оваа олимписка дисциплина.

(извор – Спортмедиа)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top