четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Отворен ден на АРМ во Скопје

Армијата на Република Македонија се пофали пред Скопјани со дел од борбените сретства со кои располага. Граѓаните по повод Денот на АРМ можеа да видат оклопни возила, формациско вооружување, но и транспортен хеликоптер.

Осумнаесетти август – ден на Армијата на Република Македонија, но и ден отворен за сите граѓани да се запознаат со целата борбена опрема со која располага нашата земја. Денеска Воениот стадион беше домаќин на многу посетители од сите генерации. Повеќе видови возила, хелихоптери, топови, оружје и други технички средства беа само дел од богатата изложба.

Најинтересни беа атракциите кои ги подготвија „Волците“ – особено за најмладите, на кои беа прикажани повеќе борбени вештини. Подеднакво примамливи беа и прикажаните вежби за тоа како се обучуваат службените кучиња на Армијата. Активностите беа крунисани со неколкукратен прелет на хелихоптерот Ми-8/18 на кој беа развиорени знамињата на Република Македонија и НАТО Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top