вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Можни се предвремени локални избори во Турција

Tурската владејчка партија на правдата и развојот (АКП) размислува за предвремени избори годинава. Во пресрет на денешниот шести партиски конгрес, заменик партискиот претседател, Ерол Која при настап на телевизискиот канал, НТВ изјави дека локалните избори би требало да се одржат во период од септември до ноември, наместо во март следната година.

Во меѓувреме, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердпган обраќајки се пред одржувањето на Конгресот изјави дека целта на АКП е на локалните избори да ги освои градоначалничките места во сите општини во земјата. Ердоган во обраќањето зборуваше и за монетарната криза и падот на турската лира, па говорејќи за политиката на САД рече: „Ако тие ги имаат доларите, ние го имаме Алах“.

Турскиот претседател вети дека Конгресот на АКП ќе испрати денеска нова порака до светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top