вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Германија ќе ги враќа емигрантите во Грција

Германија постигна договор со Грција за враќање на емигрантите во средоземната земја, доколку претходно таму побарале азил, изјави денес портпаролката на германското министерство за внатрешни работи. Минатата недела и Германија и Франција постигнаа договор за враќање на емигрантите.

Двата договори следат по тензичната расправа на канцеларката Ангела Меркел и нејзините конзервативни баварски сојузници поради што за малку ќе се распаднеше германската коалициска влада.

– Постигнавме договор со Грција, кажа Елеоноре Петерман, додавајќи дека не може да ги открие деталите пред договорот официјално да се потпише.

Но истакна дека, слично како и со Шпанија, договорот со Грција ќе се однесува само на емигрантите кои во Германија влегле преку Австрија. Германија ќе може да ги врати емигрантите назад во Грција во рок од 48 часа, кажа Петерман.

Таа додаде дека Германија е во „многу интензивни“ разговори и со италијанската влада и наскоро се очекува сличен договор со Рим.

Договорот нема да опфати голем број емигранти. Минатонеделните бројки на министерот за внатрешни работи покажуваат дека од средината на јуни околу 150 луѓе влегле во Германија од Австрија, иако се пријавиле за азил во некоја друга европска земја.

Над 1,6 милиони емигранти влегоа во Германија од средината на 2014, предизвикувајќи тензии во јавноста кои ги искористи антиемигрантската партија Алтернатива за Германија (АфД) и на тој бран влезе во германскиот парламент.

Меркел во неколку наврати ја бранеше својата одлука од 2015 за примање стотици илјади емигранти, но од тогаш ветува дека слични приливи на емигранти повеќе нема да има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top