четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Гвардиола: Мојот совет до Кевин е да ужива во одморот кој го немаше летово

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не го криеше своето разочарување од повредата на еден од негвоите најдобри фудбалери, Кевин де Бруин. Белгиецот ќе биде отсутен од теренот околу три месеци поради повреда на коленото.

– За Кевин и неговото семејство е тешко. Човечките суштества имаат граница, овие работи се случуваат. Ова ќе биде голема загуба, рече тренерот на шампионите.

– Не е лесно да се замени Кевин. Ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе без него. Ќе се обидеме да бидеме таму кога ќе се врати. Мојот совет е Кевин да ужива во одморот што го немаше ова лето. Тој ќе почне да тренира со нас кога ќе биде подготвен, изјави Пеп пред натпреварот со Хадерсфилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top