вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Оспина се пресели во Наполи, Заза во Торино

На последниот ден од летниот трансфер период во Италија, Наполи го ангажираше колумбискиот голман Давид Оспина. Арсенал го ангажираше Бернд Лено од Баерн Леверкузен кој ќе биде прв избор на Емери, па Оспина го загуби и резервното голманско место во лондонскиот клуб кој во ростерот го има и Петр Чех.

Наполи имаше потреба од голман, па во последен момент прашањето го реши со ангажман на Оспина.

Колумбиецот во следната сезона ќе игра на позајмица во Наполи, но во договорот има опција и комплетно да биде откупен.

Клубот денеска го смени и италијанецот Симоне Заза кој сезонава како позајмен од Валенсија ќе игра за Торино. Трансферите на Мичи Батчиуји и Гамеиро не оставија место за италијанскиот фудбалер во нападот на „лилјаците“, а за едногодишната позајмица Торино ќе и плати на Валенсија 2 мил. евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top