сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Пожар во болница во Риека: Огнот го зафатил одделот со неподвижни пациенти, има мртви и повредени (видео)

Едно лице загина, а 16 се повредени во пожар што избувна попладнево во психијатриска болница во Лопачка, во близина на Риека. Во моментот на избивање на пожарот во болницата имало стотина лица.

Пожарот, кој избувнал на третиот кат, се проширил на четвртиот. На терен интервенирале околу педесет пожарникари. Пожарот бил ставен под контрола, но пожарникарите ќе останат на терен.

На третиот кат, каде што избувнал пожарот, имало неподвижни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top