среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 5 ново

Сообраќајка на Ѓавато, целосно затворен патот Битола – Ресен

Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.

Патничките возила се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен на потегот од превојот Ѓавато до селото Кажани, а за тешките возила сообраќајот е целосно затворен.

Сообраќајната несреќа за МИА ја потврдија припадниците на сообраќајната полицијата кои се на местото на настанот. Според нив, во сообраќајката нема жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top