четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Министерот Николовски објави фотографии од сообраќајката на неговиот советник (фото)

По информациите дека вработен во кабинетот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски на 9-ти јули доживеал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница-Берово, управуваќи службено возило „Дачија Дастер”, првиот човек во земјоделството се огласи на својот фејсбук профил каде објави и фотографии од страшната сообраќајка.

– Ова се слики од несреќата во која што пред еден месец се најде мојот колега – советник Никица Бачовски. Случај за кој веднаш е направен увид и истиот ден објавен во билтен на МВР. Со архивирано овластување и задолжување со предметното каско осигурано службено возило како и целосна документација, во време на работни задачи и средби, доживеа тешка сообраќајна несреќа после која беше лекуван на КАРИЛ и во неколку клиники, а беше и е подложен на повеќе различни операции и на лекување кое уште трае.

– Точно, има само 26 години ама важи за еден од најпосветените и е исклучително интелигентен, амбициозен, спремен, пожртвуван и полн со енергија и квалификации млад човек, пишува Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top