четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Застој на граница: На „Богородица“ се чека половина, на „Табановце“ цел час

Помали гужви и застој се регистрирани денеска на два гранични премини. Зголемена фреквенција попладнево има на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од земјава.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“, каде што задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“, каде што задржувањето е околу еден час.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top