вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Измени за референдумот: АВМУ го донесе Упатството за медиумско претставување

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медфиумски услуги на денешната седница, го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот, со кое се доделуваат дополнителни девет минути за платена јавна пропаганда во еден час.

Според Упатството, радиодифузерите треба да создадат еднакви услови за пристап на заинтересираните страни во референдумот до облиците на платена јавна пропаганда, за која радијата и телевизиите може да одвојат вкупно девет минути на секој реален час, емитувани како дополнително време. Тоа се дополнителни девет минути, покрај дозволените 12 минути за рекламирање според Законот за аудио и аудиовоизуелнби медиусмки услуги, кои, како што се посочува, не смеат да се користат за емитување платена јавна пропаганда за референдумот.

– Вкупно деветте минути за платена јавна пропаганда треба да се поделат на две еднакви половини (по 4:30 мин), едната за субјектите кои ќе агитираат да се одгвоори „за“ на референдумското прашање, а другата за субјектите кои ќе агитираат да се одговори „против“ на референдусмкото прашање или ќе агитираат за бојкот на референдумот. При тоа кој било заинтересиран субјект може да откупи најмногу половина од вкупното време одвоено за платена јавна пропаганда, односно 4 минути и 30 секунди, се наведува во Упатството.

Цената на услугите за платената јавна пропаганда, се посочува, треба да бидат исти за заинтересираните страни во референдумот и не треба да се менуваат од деност на донесување на ценовниците до завршување на референдумот.

Во Упатството покрај платената јавна пропаганда се содржани правилата за комерцијалните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис, во однос на начинот на известување и медиумско претставување во дневно информативните емисии, посебни информативни и други програми, правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење и известувањето во деновите на референдумскиот молк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top