понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 75 ново

Експерти на ОБСЕ не се сигурни дека референдумското прашање е коректно формулирано

Во првиот извештај за референдумот закажан за 30 септември, експерти на ОБСЕ не целосно уверени дека референдумското прашање е коректно формулирано, а главната грижа им се можни притисоци на денот на гласањето.

– Некои од соговорниците изразија загриженост во врска со недостатокот на јасност и сложената природа на прашањето. Додека некои засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитна референца во врска со промената на името на државата, други ја истакнаа важноста за означување на влијанието на референдумот за интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, пренесува „Канал 5“.

Можност за вршење притсок и заплашување, пасивна регистрација на гласачи и можност за инволвирање на странски актери се исто така дел од забелешките, кои ги нотира Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top