среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Се слушаат бомби: Нема криминал, па се разгоруваат ниски страсти

Денес продолжи преслушувањето на креираните наводни телефенски разговори во предметот Титаник.

Вчера судот направи тежок законски прекршок одбивајки го барањето на адвокатите да го задолжи СЈО да презентира доказ дека копиите од снимките се верни на оргиналот и да даде записник за детално превземање на снимките од СДСМ. Исто така судот одби да се произнесе по очигледно прекршениот закон за приватност според кој јасно е дека СДСМ не ги предало снимките во законски утврдениот рок, туку дури 20 дена по тој рок, со што истите нетреба да се прифатени како докази. Но судот под притисок на СДСМ немаше храброст да суди по закон, за што еден ден кога судиите ќе ја загубат партиската заштита ќе се соочат со одговорност.

Исто така судот остана на ставот дека ќе го следи решението на Апелацискиот суд кој снимките иако нелегално прибавени ги прогласи за легални целосно спротивно на член 292 став 2 од ЗКП.
Всушност со тоа судот кажа дека поважен му е ставот на 3 судии од скопска апелација од јасно напишаното во законот кое е спротивно на ова.

Од она што денес можеше да се слушне од снимките нема ништо што укажува на некакво кривично дело на било кој од обвинетите. Вообичаени разговори на луѓе во изборна кампања.

Од снимките се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ во 2011на изборите била високо организирана партија, и дека функционирала беспрекорно во делот на организацијата. Дел од присутните во салата коментираа дека ова е одличен курс за тоа како се организираат и водат изборни кампањи на една политичка партија со многу работливи и неуморни поединци.

Адвокатот Петар Василев неколку пати реагираше до судот дека и вчера и денес се пуштаат снимки како наводни докази а истите немаат никаква врска со кривичното гонење на обвинетите и со тоа попусто се губи времето на обвинетите, адвокатите и јавноста. Судот на ова реагираше дека мора да се пуштат снимките бидејки веќе се прифатени како докази, а судот ќе цени што од тоа ќе уважи при носење на пресудата.

Практично, пуштањето на разговорите досега е само забава за јавноста. Новинарите седат за да уловат некоја пикантерија од наводните разговори, за да го оправдаат губењето на цел работен ден, да го забавуваат народот и пред се поголем дел од нив како провладини медиуми се борат да ја дефокусираат јавноста од катастрофалниот договор со Грција во кој Македонија губи се зашто речиси три децении се бореше, а СДСМ е од лага во лага секој ден, и од скандал во скандал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top