сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Татко од пеколот: Си ја убил бремената сопруга и ќерките, па ги прогласил за исчезнати (Видео)

Американецот Кристофер Уотс си ги убил бремената сопруга и ќеркичките , а потоа преку телевизиско интервју тврдел дека се исчезнати.

Откако со денови се правел дека не знае ништо и дека е загрижен татко во потрага по семејството , 33 годишниот Кристофер Уотс од Колорадо , конечно признал дека тој е убиецот на бремената сопруга и своите две ќеркички. Телото на неговата 34 годишна сопруга Шенон е пронајдено вчеравечер , а по телата на ќеркичките Бела и Селест полицијата и натаму трага.

Сопругата била во 15 недела на бременоста , а нејзиното возило било пронајдено покрај пат. Убиецот во средата вечерта гостувал во ТВ интервју на мрежата НБС , каде глумел загрижен сопруг и татко , кој помага во истрагата за исчезнатото семејство .

Ден потоа , вчера , веќе бил уапсен. Во текот на овој викенд таткото бил сам дома со девојчињата , додека сопругата била на службен пат , од кој се вратила во понеделникот. По нејзиното враќање од конференцијата , во понеделникот во 1 часот по полноќ , Кристофер раскажувал дека разговарале за приватни работи се до 5 часот наутро.

По тоа отишол на работа , од каде пријавил во полиција дека жена му е исчезната бидејќи не му одговара на повиците. Тој во интервјуто во средата рекол дека е очаен што му исчезнала бремената сопруга и девојчињата , а во повеќе американски медиуми се појавила и вест за исчезнатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top