четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

И Филипче имал невладина – донирал лекови со краток рок на употреба?

Министерот Венко Филипче го започна мандатот со многу ветувања, но за оваа половина година откако е на чело на Здравство понуди многу афери разочарувања. Граѓаните не ги добија ветените здравствени услуги, но министерот за здравство подели многу тендери, а не го запостави ниту својот бизнис.

Филипче е директор на невладината PHM-CEE регистрирана кон средината на 2015 година. Преку неа се правеле донации по неполна година од формирањето и тоа во вредност од околу 900 илјади долари. Постојат сомнежи дека истото се прави и сега кога тој е министер, само сега на лекови со краток рок на важност.

Лековите кои се пред истекот на рокот фирмите обично им ги донираат на невладини, затоа што во тој случај нивното уништување не го плаќа производителот, туку Министерството за здравство. Со други зборови некој се богати заради тоа што наместо компанијата-производител производите се уништуваат на сметка на граѓаните.

Невладината организација на која е директор Филипче, PHM-CEE, е со седиште во државава и како што стои на интернет старницата „фокусирана е на економските, социјалните (здравствени и судски) и потреби на владите во земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Заедницата на Независни Држави.

Практично освен што работи во државите во Централна и Источна Европа, работи и во 11 земји поранешни советски републики кои се дел од Заедницата на Независни Држави, односно има дозвола да работи и во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан и Туркемистан, кој го прекинал членството во ЗНД во 2005 година и сега е само држава која соработува со Ззаедницата.

По неполна година од регистрација на невладината, на истата веќе и се одобрени околу 900 илјади долари. Овие средства невладината ги добила за да ги донира за лекови канцерогени болести, поточно да бидат дадени на универзитетскиот оддел на Клиниката за онкологија.

Практично по неполна година од формирањето невладината го најавила својот прв проект Доставување на лекови и антибиотици за канцерогени заболувања кои се наменети за Универзитетскиот оддел при Клиниката за онкологија во Скопје.

Невладината на Филипче ова го добива работејќи со Direct Relief, организација за хуманирарна помош од САД и обезбедува хемотераписки лекови и антибиотици во февруари 2016 година.

-Финансиското оптоварување на денешните современи третмани на ракот е предизвик за луѓето ширум светот. Работевме со универзитетскиот оддел за онкологија во болницата во Скопје и Direct Relief за да ги донесеме во Македонија заедничките придобивки од намалување на трошоците и поголем пристап до лековите кои спасуваат животи, рече Венко Филипче, извршен директор на PHM-CEE се вели во тогашното соопштение за јавност објавено од невладината. Тој информира дека „се донесени лекови и обезбедена е грижа за стотици пациенти во вредност од околу 890.000 американски долари“.

Разбирлива е добрата намера да им се помогне на болните од рак, но она што зачудува е сумата која ѝ доделена на невладина која не постои ниту една година. И тоа ни помалку ни повеќе за донација нешто помалку од милион долари на невладина која постои неколку месеци или ја нема во регисатрот на невладини ни една година.

Очигледно Филипче продолжува со „хуманитарната“ мисија и сега откако е министер. Имено, упатени велат постои простор за сомнеж дека оваа невладина организација сега е вклучена во донација на лекови со краток рок на важност. Или постои сомнеж дека невладината е вклученасега во „зделка“ со инсулин. Имено на граѓаните, поточно на пациентите болни од дијабетес минатата недела им бил поделен инсулин чиј рок изминува за петнаесетина дена, а тие треба да го користат до октомври.

Добро упатени извори информираа дека станува збор за инсулин со краток рок и оти е донација. За што станува збор и зошто инсулинот е донација за која се сомнева дека оди преку невладината на Филипче?

Значи за инсулинот со изминат рок пак има посебна процедура за уништување. Како оди процедурата? За да се уништи инсулин со пројден рок има посебната процедура чие што спроведување опфаќа постапки на собирање, складирање, и разградување на производот а за тоа компанијата производител мора да плати и да направи одредени трошоци. Во дадениов случај, за да не плаќа фирмата производител, односно увозник се прави донација. Инсулинот кој е при крај на истек на рокот се дели по пациенти…. а за делот што ќе остане министерство за здравство ќе го плати уништувањето. Со еден збор некој се богати, заради тоа што наместо компанијата производител, односно увозник инсулинот ќе се уништи на сметка на граѓаните, односно даночните обврзници кои редовно плаќаат кон државата. И за сето ова, посочуваат упатени, има индиции тоа да е направено преку оваа невладина.

За ваквиот инсулин со многу краток рок реагираа граѓаните. На социјалните мрежи имаше и фотографии објавени од револтираните граѓани.

Инсулинот им е даден минатата недела, а треба да го користат околу месец и половина два, а рокот истекува за две недели или во септември.

-Филипче, што правиш, дали си свесен воопшто што правиш??? На сите дијабетичари тип 1 , меѓу кои најголем процент се деца и млади луѓе, ни дадовте инсулини, чиј што рок е до деветти месец!!!! Како можеме да ги употребиме сите тие флакончиња за две недели??? Што е ова, бре? Убиство? После треба со поминат рок ли да земаме инсулини? Па вчера вакви инсулини, кои имаат рок на траење уште две недели и кои се донација, им дадовте на деца, кои чекаа пред мене. БРЕ!!! Овие инсулини мене треба да ми траат месец и половина, а рокот е до 9-ти 2018 !! Значи после тоа со поминат рок ли да земам? А бе, што правите? Ова НИКАДЕ ГО НЕМА, реагираше една пациентка на својот Фејсбук профил.

ФОТО инсулин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top