недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Елена открива кој ги шири фотките со престилка и без шминка (ВИДЕО)


Навистина не знаев дека треба да се нашминкам пред да правам ручек или појадок за децата, коментира Елена Велевска за фотографиите кои беа испратени од читател до нашата редакција, на кои таа е без шминка.
Сепак, нејзината изјава во интервјуто за Естраден магазин открива повеќе отколку нејзините фотографии.
-Давеникот се фаќа за сламка. Ако некој сака да ти најде маана или недостаток, ќе го направи тоа, ќе ја пронајде раската во окото. Но, оставам да зборуваат делата, доволно сум се покажала и како мајка и како естраден уметник и какко жена. Луѓето кои ме познаваат знаат за каков човек се работи, нема да го дискутирам во јавноста. Единствено сакам сево ова да се реши на многу мирен начин. Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко.

Велевска била подготвена дека „непријателот“ ќе се обиде сѐ да направи.

-Кога немаш аргументи, се фаќаш за сѐ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top