недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Бил позитивен на сите дроги и на алкохол – платил само 2000 евра, дозволата му останала

Шпанската полиција застанала возач на северно-источниот дел од земјата, поради рутинска контрола за алкохол и дрога.

Како што пишуваат тамошните медиуми, возачот бил позитивен на сите возможни дроги на кои го тестирале.

Тестовите биле направени за канабис, амфетамини/метамфетамини, кокаин, како и алкохол.

Полицијата го казнила возачот со сума од 2000 евра и му одзеле по шест бодови од возачката дозвола за непоминувањето на тестовите за дрога и алкохол.

Максималниот број на бодови кои ги има возачката дозвола во Шпанија се 12, што значи дека овој возач останува без дозволата за возење на неопределено време.

Но, овој прекршок шпанската полиција го карактеризирала како „административен“, па возачот не треба да се појавува на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top