сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Метеомакс предупредува: Доаѓа постудено време

По врнежите и грмежите кои ќе ги има особено на југозападот и на западот до крајот на денов и во текот на ноќта, утре атмосферата ќе се стабилизира и врнежите ќе престануваат, а исто така и облачноста ќе започне да се намалува. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

Поради ваквата ситуација ќе дојде до спуштање и продор на постудена воздушна маса од север која до утре изутрина температурите на воздухот ќе ги спушти на есенско ниво и истите ќе се спуштат во интервалот од 10 до 17 степени додека на високите планини ќе паднат и под 10 степени.

Во централните и во југоисточните предели ќе остане нешто потопло и таму температурите ќе паднат до околу 20 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top