вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Марија се роди во воен хеликоптер меѓу Раб и Риека (ФОТО)

На пат од хрватскиот остров Раб кон болницата во Ријека, Луција Брњац родила здраво девојче во хеликоптер.
Во хеликоптерот на военото воздухопловство на итниот медицински лет од островот Раб се роди женско бебе. Мајката се породила пред слетувањето на хеликоптерот во болницата во Ријека , а ја породиле членовите на екипажот. капетанот на хеликоптерот Крешимир Абрамовиќ изјави дека тоа е едно од искуствата што сигурно ќе ги памети цел живот , а најважно е мајката и бебето да се добро.

Мајката Луција им се зсаблагодари на членовите на екипажот . Таа веќе има две деца , а третото вели дека на неверојатен начин го родила ,,во воздух”. И докторите во болницата во Ријека го пофалија екипажот на добро извршеното породување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top