сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Вооружена престрелка во Чаир, нема повредени

Нема повредени во вооружената престрелка што вечерва се случила во скопската населба Чаир. Неофицијлано, престрелката била помеѓу две лица од едната и едно лице од спротивната страна, а причината била поради нерасчистени имотно – правни односи помеѓу нив.

Вооружениот инцидент се случил околу 19 часот, на улицата Лазо Трповски, во близина на маркетот „Принц“ и пред многубројни минувачи.

Полицијата врши увид на местото. Од МВР велат дека со повеќе детали за инцидентот ќе информираат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top