петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Летуваат и уништуваат: Советник на министерот за земјоделство го упропастил службениот автомобил (фото)

По турите до Солун и Охрид на МВР, функционерите на власт почнаа и да ги уништуваат службените возила, кои им се доверени за извршување на службени, но не и за приватни потреби. Лицето Н.Б. (26) од Виница кој е ангажиран со договор во кабинетот на министерот за земјоделство, на 09.07.2018 година на регионалниот пат Виница- Берово, надвор од работно време, направил сообраќајна незгода и го целосно го уништил возилото на министерството.

Од фотографијата која што пристигнала до редакцијата на Курир, се гледа дека возилото е тотално уништено и дека е причинета значителна материјална штета. По што се поставува прашањето – дали и кој ја покрил штетата.

Клучно во оваа ситуација е дали оваа случка е евидентирана во МВР и дали излегле од полицијата на терен со што би се утврдил виновникот, а со цел надомест на настаната штета.

Дополнително од целата ситуација произлегува и дилемата кој го испратил надвор од работно време и за која цел службеникот, дали имал патен налог и кој му го потпишал истиот? Доколку немал патен налог, кој му дозволил да го управува возилото.

Ова е трет скандал со службено возило- претходните два беа откако сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски ја испрати ќерката на одмор во Грција со службеното возило и случајот со Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“ кој како што објавија медиумите, надвор од работно време и за приватни потреби со службеното возило патувал за Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top