сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 64 ново

Кривични за двајца скопјани, претепале тинејџер во Крушево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С. (40) и К.С. (39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“.

На 05.08.2018 година околу 01,15 во Крушево на улица „Мише Ефтим“, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на посочената улица, првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16 годишното лице а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото.

Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно со раце го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top