вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Три прста на новата банкнота од 200 швајцарски франци, Босанците лути

На новата швајцарска банкнота од 200 франци има мотив со три прсти, што ги налути Босанците кои работат во Швајцарија, а по тој повод се огласи Централната банка.

– Трите прста ги означуваат трите геометриски оски – икс, ипсилон и зет, се наведува во соопштението од Централната банка на Швајцарија.

Соопштението уследи по реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за српски поздрав и прашањата дали станува збор за српска банкнота. Централната банка на Швајцарија наведува дека трите оски претставуваат приказ на Големата експлозија, а трите оски го покажуваат правецот на ширење на материјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top