вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Радев – Заев: сериозен балкански конфликт околу популизмот

Меѓународната славистичка заедница страшно се вознемири поради острата јазична полемика што избувна помеѓу бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер на заминување Зоран Заев околу поимите популизам и плуканизам, или поплуканизам.

По барањето на Радев Заев и официјално, со писмо, потпис и удрен мур, а не само преку фејсбук, да им се извини на бугарите што Илинденското востание го нарекол македонско, а не бугарско, како што Заев си се договорил со премиерот Бојко Борисов, со неговиот црн „доглавник“ Каракачанов и со сите други осведочени бугарски стручњаци за македонското прашање, Заев презриво и остро му одбруси на Радев: „Ма доста со тој популизам!“

Е тоа многу го разлути Радева кој итно возврати дека е во прашање едно големо јазично недоразбирање.

Колега Заев – се вели во одговорот на Радев – па, вие иако сте бугарин и имате со нас заедничка историја, воопшто не го познавате бугарскиот јазик. Овде воопшто не е во прашање поимот популизам, што ние во Бугарија инаку секојдневно си го практикуваме кога се во прашање Македонија и македонскиот народ, туку станува збор за поимот плуканизам.

Како илустративен пример за значењето на зборот популизам ви го наведувам она што го правевте вие додека хистерично го уривавте претходниот режим во Македонија за да ја воспоставите својата диктатура и стравовлада. Тоа беше типичен популизам.

А зборот плуканизам е нешто сосема друго. Имено, кога некој ќе си плукне на дадениот збор и бесрамно јавно ќе излаже – таквиот беден неранимајко се вика плукајзборец, а самиот феномен на плукање на сопствениот збор се наречува плуканизам.

Постојат два типа плуканизми : домашен и меѓународен.

Домашен плуканизам, тоа е како во општопознатиот случај кога вие пред целата македонска и светска јавност, само за да го добиете мандатот, му дадовте збор на претседателот Ѓорѓе Иванов дека нема да работите против националните и државни интереси на Република Македонија, а потоа мизерно веднаш си плукнавте на зборот и оттогаш не престанавте со своето велепредавство, во црна спрега со нас бугарите, со албанците и со грците.

Домашен плуканизам е и тоа што изјавивте дека вам како на модерен европски граѓанин никако не ви прилега патриотизмот, а глеј сега пред референдумот за македонското национално самоубиство си плукнавте на дадениот збор и патриотизмот воопшто не ви се симнува од уста. Плукајзборец секогаш си останува плукајзборец!

Меѓународен плуканизам, пак, е кога ќе си плукнете на зборот даден на безобѕирните соседи, грците, албанците или како нас бугарите, сите ограбувачи на македонските територии,  македонската национална и културна историја, јазикот, традициите и пред се’ националното име македонка, македонец, како и историското име на својата држава Република Македонија. Е, гледате, таквиот ваш меѓународен плуканизам, те. вашето плукање на својот збор што со Договорот ни го дадовте нам на бугарите дека се’ што е македонско всушност е бугарско, за нас е апсолутно неприфатливо и затоа вие во Бугарија сега важите за најобичен евтин плукајзборец.

Дозволете ми во оваа мала јазична анализа да ви посочам и на тоа дека постои и хомонимна, те. разнозначенска вредност на зборот плуканизам.

Имено, кога некој како вас си плука на зборотние бугарите го плукаме в лице. За вашето плукање на зборот во врска со нашето бугарско Илинденско востание – цела Бугарија ви плука в лице. Таков неранимајко на кој сите му плукаат в лице се вика исплукан неранимајко, или едноставно поплукан. Впрочем, вам тоа ви е добро познато, зашто со тоа веќе секојдневно се соочувате и во Македонија, а пак во случајот на мега-НАТО-фестот бевте и тотално или апсолутно исплукан и поплукан. Изведената именка од тој вистински патриотски и демократски чин на народот со кој се соочивте при фијаското на мега-НАТО-фестот, а со кој македонските граѓани јасно ви порачаа што мислат за таквите бедни плукајзборци како вас – исто така се вика плуканизам или поплуканизам.

Јасно ви е, нели, дека со последиците на поплуканизмот наскоро ќе се соочите и на веќе поплуканиот референдум за самоубиство на македонскиот, простете, бугарскиот народ во Македонија.

Ете, почитувани читатели, токму со тие остри зборови, но лингвистички сосема фундирано, Румен Радев му одговори на плукајзборецот Зоран Заев.

Тогај на Зоран му скисна и преку тотално поплуканиот Никола Димитров му испрати итна депеша на Радев, кому тој смешен заевски министер-кловн лично му ја врачи, а во која се вели:

Почујте колега Радев, вие да не кревате многу чалам, зашто и јас имам прочитано некои книги со интернационализми, а домашната и меѓународната лексикографија токму врз мојот надреален специфичен случај се збогатија со низа оригинални подбивни, потсмевливи и пежоративни –изми. Впрочем, ви велам, како слободен граѓанин кој „ден поскоро“ ќе влезе во ЕУ, а воопшто нема сомневање дека целосно сум заштитен од НАТО – јас можам да си зборувам и да ветувам што сакам, кому сакам, и како сакам, а ми се може и да си плукам на зборот колку што ми е ќеиф. Па, токму затоа, колега Радев, и постои поимот Заевштина, или можеби за вашето преосетливо лингвистичко уво позвучно: Заевизам! – за да го разлачи чесното од бесното!

И со овие решителни патриотски зборови поплуканиот плукајзборец Заев ја заклучи оваа меѓународна славистичката полемика со несогледливи последици, и покажа дека цврсто ги држи за мадиња и Радев, и Борисов, и Каракачанов, и Прванов, а европарламентарецот Џамбаски и за уште некои познати делови на машкото тело.

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top