сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 43 ново

Постои точна бројка: Колку стомачни дневно до рамен стомак?

Многу е важно да знаете колку стомачни треба да правите секој ден за да добиете добри резултати со вежбањето. Стомачните мускули се една од најзначајните групи мускули, бидејќи овозможуваат правилно држење и делуваат како еден вид ѕид кој го држи целото тело.

Правењето стомачни се најпопуларната вежба за стомак, а интересното кај неа е тоа што без разлика колку често ја правите, никогаш не станува лесна. Токму затоа, најдобро е да не правите преголем број стомачни, туку да знаете точно колку треба да направите дневно за да имате видливи резултати.

Одговорот е 30 стомачни, а на тоа додајте и подигнување на ногата, планк и други вежби за зацврстување на абдоменот. Внимавајте и на исхраната, бидејќи доколку не се храните здраво, ниту една вежба нема да има долгорочен ефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top