сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина, купила голем имот во Шпанија. Се работи за имот во вредност од 30 милиони евра, кој во минатот му припаѓал на Флорентино Перез.

Скоро 5 години по тешката несреќа која му се случи на големиот Ф1 шампион, сопругата се уште инсистира на што поголема приватност. За здравјето на Германецот се грижи армија лекари, кои се селат од куќа во куќа.

Во југозападна Мајорка, тамошните медиуми потврдија дека е купен имот и куќа од семејството Шумахер, каде во следниот период, далеку од очите на јавноста, Шумахер во кругот на фамилијата ќе се опоравува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top