среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Даниел Субашиќ заминува од хрватската репрезентација

Голманот Даниел Субашиќ соопшти дека се повлекува од хрватската репрезентација.

– Дојде време по 10 години да се простам од најдрагиот дрес. Оваа одлука ја донесов пред Светското првенство, но сакав да ја завршам кариерата со настап на Мундијалот, што беше и мој сон. Секој има рок на траење и на нас е да процениме колку долго можеме да играме, истакна 33-годишниот голман во пораката на социјалните мрежи.

Селекторот Златко Далиќ ќе се соочи со сериозни проблеми при составувањето на следниот хрватски тим, бидејќи претходно се повлекоа Ведран Чорлука и Марио Манџукиќ, а истото се најавува и за Лука Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top