среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Три брака и три деца: Каде е денес фаталната Жаде (ФОТО)

Приказната за Жаде и Лукас од бразилската серија „Клон“ секоја вечер нѐ врзуваше за малите екрани. За актерката Џована Антонели, оваа улога донесе навистина голема популарност, а и ден-денес сите ја паметат како Жаде.

Својата кариера ја започнала во 1991 година, кога имала само 15 години, но на публиката ѝ стана позната по емитувањето на серијата „Клон“ во 2001. Денеска, оваа бразилска глумица има 42 години и изгледа одлично.

За време на снимањето на „Клон“, Џована беше во брак со бизнисменот Рикардо Медино, со кого се венчаа во 2000 година.

Но, во 2002 решија да се разведат, бидејќи Џована се заљуби во својот партнер од серијата, Мурило Бенисио, со кого подоцна исто така се омажи.

Во мај 2005 година, тие добија син, а во ноември истата година се разведоа, бидејќи беше откриено дека Џована е во врска со американскиот бизнисмен Роберто Локасио.

За брзо време познатата актерка се вери со новото момче, но по само четири месец беше ставен крај и на оваа врска.

Бразилската убавица стапи и во трет брак, со режисерот Леонардо Ногуеира, со кого во октомври 2010 година ги доби близначките Антонија и Софија и со кого и ден-денес е во среќен брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top