сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 64 ново

Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош

Во екот на летото и сезоната, кога има дури има по 30 интервенции дневно, охридската итна помош работи на „шкриги“, односно со двајца лекари и три медицински сестри, објави ТВ 24.

Докторката Ана Неделковска за ТВ 24 вели дека се стигнува секаде, но дека многу е напорно.

„Функционални имаме пет возила, од нив три за надвор од градов, а две служат само локално. Многу е напорно, се трудиме, едвај стигнуваме да постигнеме се, правиме напори. Имаме дефицит на лекари, сестри “ – изјави д-р. Ана Неделкоска, началник на Итна медицинска помош – Охрид

Неделковска истакна дека и покрај многуте интервенции не се случило досега да не се прими повик или да не се стигне на време, а доколку се доцнело минута две значи дека или тимот бил на терен или вршеле амбулантски преглед.

Периодов најчесто имаат интервенции поради сообраќајни незгоди, колапси, топлотни удари, а оваа година за среќа помалку давеници.

„Проблем ни е, стари возила, се случува да се расипат, се трудиме да ги одржуваме. Многу имаме зголемен обем на работа, имаме од 20 до 30 повици и плус амбулантски случаи“ – рече Неделкоска.

Медицинскиот тим се надева дека есенва ќе добие уште едно возило, но и дека конечно ќе се вработат лекари кои се многу потребни, за да можат да работат во услови, со повеќе медицински тимови и опрема, онака како што му доликува на Охрид како најголем туристички центар во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top