среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив

Секоја година во август на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква има голем број змии кои буквално се мазат и галат со луѓето, па луѓето веруваат дека се благословени од Богородица.

Змиите долги и по неколку метри се појавуваат во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.

Девојка од Србија која живее во Грција каде е мажена, се решила да оди во оваа црква во Кефалонија и објавува видео од таму.

– Секоја година на 15 август во селото во Грција се одржува празникот, а змиите доаѓаат. Народот ги нарекува “Агиофида” или во превод Свети змии – вели Милица која ја посетила црквата.

Змиите на главата имаат шара како крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top