петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Неколку совети како да ги зголемите шансите за преживување доколку дојде до пад на авионот

Пад на авион е голема реткост, а според официјалните податоци тоа се случува еднаш наспроти милион. Во 2017 година немаше ниту еден фатален пад, со што таа година стана една од најбезбедните во историјата на авијацијата. Експертите велат дека патниците сами можат да направат многу нешта за да се спасат од вакви несреќи.

На прво место е облеката. Како што пишува британскиот Express, патниците секогаш треба да носат облека со која ги прекриваат целите нозе и раце со цел да не дојде до гребнатинки и некакви други повреди на кожата. Многу се важни и обувките односно експертите советуваат дека треба да носите патики или затворени чевли, односно никако апостолки.

Одбегнувајте консумирање на алкохол во поголеми количини, бидејќи ќе нема да можете да реагирате ниту да сфатите колку ситуацијата е сериозна. Исто така, движењата ќе Ви бидат побавни.

Само што ќе влезете во авион погледнете и добро запомнете каде се излезите. Исто така, следете ја демонстрацијата на стјуардесите која ќе Ви ги даде сите потребни информации што да направите доколку сте во опасна ситуација. Во паника луѓето почнуваат да трчаат кон предниот или задниот излез, но во авионот постојат уште неколку излези.

Експертите препорачуваат да изброите колку седишта се оддалечени од излезот за да можете да се ориентирате доколку е темница или има чад.

tocka.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top