четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Деветгодишно дете повредено во сообраќајна несреќа во Тетовско

Деветгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа во Тетовско.

Вчера во 15.40 часот на локалниот пат село Групчин-село Ларце, Тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (64) од село Ларце, и „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ. (28) од село Желино.

Во незгодата повреди добило деветгодишно дете од село Ларце, сопатникот од возилото „форд фокус“. Со друго возило момчето било пренесено во Клиничка болница Тетово и по укажаната лекарска помош, било задржано на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top