сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Чомовски: И со пропаднат референдум ќе се менува името

Партискиот мегафон на СДСМ, новинарот Александар Чомовски во своето вечерашно гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека и да пропадне референдумот за промена на името, уставните измени се неизбежни, а волјата на граѓаните нема да се почитува. Тој истакна дека Македонија нема алтернатива на ЕУ и НАТО, и токму поради тоа Македонија ја очекуваат уставни промени во наредниот период.

Соговорникот на Чомовски, Шефик Дураку претставник на Алијансата на Албанците вели дека не очекува референдум, не очекуваат уставни измени, а кога ќе се отвори дебатата Алијансата за Албанците ќе побара албанскиот јазик да стане уставна категорија, а делот во уставот каде Албанците се споменуваат како народ над 2о отсто да се замени со Албанци.

Во превод Албанците ќе го искористат моментот кога ќе се отвори Уставот да ги изречат своите барања за уставни измени кои ќе ги решат нивните национални прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top