среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 5 ново

Силувани две деца во Струга и во Куманово

Два случаи на силување се пријавени во полиција во изминатите два месеца. Според информациите на МВР, против сторителите се поднесени кривични пријави.

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (39) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување. Тој на 10 август во куќа во Струга извршил полови дејствија над 15-годишно дете.

Вториот случај е пријавен во Куманово. Полицијата поднесе пријава против Р.Р.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Грозоморниот чин се случил на 31. јули околу 11.35 часот во Куманово, во објектот на поранешен хотел „Кристал”. Жртвата имала 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top