сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 61 ново

Нова љубов за ѕвездите: Селин Дион и Расел Кроу во врска?

Славната пејачка Селин Дион (50) пред две години се соочи со тежок период во нејзиниот живот, бидејќи нејзиниот сопруг Рене Анжели почина, но сега очигледно повторно ја пронајде својата среќа.

Наводно нејзината нова љубов е Расел Кроу, што многумина ги изненади, пренесува Hollywood Life.

-Се гледаат многу често веќе неколку недели, иако нивната врска е на почеток, исто како да се познаваат со години, вели извор близок до пејачката и глумецот.

Расел е голем љубител на музиката на својата нова избраничка и таа е негова долгогодишна симпатија. И двајцата неодамна поминаа низ тежок емотивен период и токму тоа всушност ги поврза.

Расел имено неодамна се разведе од сопругата Даниел Спенсер и тоа беше мачен период за него. Ниту пејачката, ниту глумецот сè уште не го коментирале својот однос.

Да се потсетиме, пејачката го загуби сопругот поради борбата со рак на 73 години, а само два дена подоцна почина и нејзиниот брат на 59 годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top