понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 71 ново

До ДИК доставени 742 пријави од иселеници за референдумот

Преку веб-апликацијата dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија до денеска до 14 часот доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за изјаснување во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум за името.

Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка, соопшти ДИК.

До вчера во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК увид во Избирачкиот список направиле вкупно 1.216 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и Струмица – 101.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top