недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Шон Пен во врска со 32-годишна девојка

Шон Пен ќе го прослави својот 58. роденден в петок, и тоа најверојатно во друштво на својата 32 години помлада девојка Лејла Џорџ.

Двојката е видена како ужива на плажа на хавајскиот остров Оаху. Оскаровацот стоеше и пушеше цигара додека неговата девојка седеше покрај него и му го покажуваше своето вито тело.

Тие се во врска веќе две години, а Шон има два брака зад себе. Првиот беше со популарната пејачка Мадона, а другиот со актерката Робин Рајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top