вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Власта со договорот со Грција го менува институционалниот идентитет, со тоа се губи целокупниот идентитет на државата и нацијата

Промената на институционалниот идентитет на кој се согласи Заев и владата, потпишувајќи го договорот со Грција за промена на името на Република Македонија директно го загрозува идентитетот на државата и нацијата, со што истиот се губи.

Имено со договорот доаѓа до промена на инстутицуиналниот идентитет на државата. Во сите институции во државата во нивното име ќе биде содржано дека се институциите на Република Северна Македонија. Тоа практично значи дека на влезот на владата ќе пишува Влада на Република Северна Македонија, министерството за здравство ќе биде Министерство за здравство на Северна Република Македонија, ваквиот пример важи за сите институции, сите државни институции без разлика дали се централни или локални ќе бидат институции на Република Северна Македонија.

Називот на државата Република Северна Македонија ќе стои во сите јавни исправи кои ги издаваат органите на државната управа, како што се: личните карти, возачките дозволи, пасошите, изводите кои ги издава Управата за водење на матичните книги, решенијата од Катастарот на недвижнини итн. Кога граѓанинот во странство ќе ја приложи јавната исправа издадена од маакедонските власти, таа јавна исправа ќе биде од Република Северна Македонија.

Заев знаејќи ја опасноста од губење на институционалниот идентитет, во изјава за БТВ, бугарскаа национална телевизија, велеше дека ќе го сочува истиот, но набргу потоа се испостави не само што не го ссочувал туку и целосно го променил.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во изјава за медиумите вчера во насока на ова изјави:

– Гледаме дека владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го зачувала т.н. идентитет. Еве едно прашање до владата и до сите оние кои стојат зад таа теза дека е зачуван идентитетот, како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет е изгубен? Многу пати во минатото претседателот на владата г-дин. Зоран Заев кажал па порекол, да се потсетиме на една таква негова изјава во која што велеше „дека таблата на зградата во која што јас сум претседател на владата пишува, Влада на Република Македонија и така ќе остане“, за неколку недели го порекне тоа што го кажал и ја кажа новата содржина на таа табла. Доколку сево ова би успеало Влада на Северна Република Македонија. Доколку вие го изгубите институционалниот идентитет кој што претставува „трејд марк“ на вашиот национален идентитет, каков идентитет вие сте зачувале. Не станува збор само за институционалниот, не станува збор само за емоционалниот идентитет, туку станува збор за погрешна логистика и погрешна стратегија во целокупниот процес на водење преговори.

Губењето на институционалниот идентитет е загуба на индентитетот во целост и тоа е опасност за државата и нацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top