недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Заплените шверцувани 23 тони јунешко месо од Бразил

Српската ветеринарска инспекција заплени и уништи 23 тони јунешко месо, кое во Србија било прошверцувано од Бразил.

Според медиумите запленетото шверцувано месо требало да биде доставено до фирма во српскиот град Ќуприја.

– На амбалажата беа видиливи декларации од објекти од Бразил. Некои пакети се уште беа со важечки рок на траење, но на некои рокот им истекол пред повеќе од шест месеци, соопшти српската ветеринарна управа.

Во врска со случајот е уапсен еден 21-годишен српски државјанин, против кого е покренато обвинение за шверц на месо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top