сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Лима ужива со Метин Хара додека Марко Јариќ се забавува со…(Фото)

Иако жолтиот печат постојано пишува вести за нивната разделба, Адријана Лима и Метин Хара посветено ја одржуваат својата љубовна врска.

Убавиот ангел на Victoria’s Secret и познатиот турски писател беа во посета на галеријата на уметникот Питер Тани и споделија фотографии од својот ден исполнет со љубов и забава.


Додека 37-годишната Бразилка ужива во друштвото на своето момче, нејзиниот поранешен сопруг Марко Јариќ се дружи со двете нивни ќерки.

New Adriana Lima ve Metin Hara #adrianalima #metinhara

A post shared by @ magazindizigundemi on

39-годишниот поранешен српски кошаркар сподели фотографија со преслатките Валентина и Сиена.

Марко и Адријана беа во брак пет години. Нивниот развод беше официјализиран во март 2016 година.

Адријана започна да се состанува со Метин во јули минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top